Многу сме среќни, што преку нашиот прв одобрен проект, учествувавме во обуката за обезбедување на фондови од Европската Унија во Лимасол, Кипар. За нас ова беше многу значајно искуство, бидејќи станавме дел од ЕРАСМУС+ семејството. Покрај стекнатите знаења за поставување на нашите капацитети како новоформирана организација, остваривме значајни контакти и дружење со колеги од Полска, Естонија, Романија, Унгарија, Ирска и Словачка. Многу сме благодарни на Европската Унија и нашата Национална агенција што ни го овозможија ова искуство.
