ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ

Се залагаме за ефикасно образование, кое ќе продуцира кадри кои успешно ќе се вклучат во работниот процес. Ги поттикнуваме и насочуваме младите и возрасните лица кон стекнување на практични вештини за ефикасно вклучување на пазарот на трудот. 

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Претпримеништвото значи слобода, можност за изразување на своите креативни потенцијали и помош на пошироката заедница. Ги поттикнуваме и подржуваме претприемничките активности.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Дигитализацијата е неминовност. Таа е новата базична писменост. Поттикнуваме и подржуваме неопходно дигитално образование за маргинализираните групи. 

РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Крајно време е за напуштање на стереотипите во однос на улогата и можностите на луѓето согласно нивната полова припадност. Се залагаме за подигнување на свеста за родовата еднаквост.

КУЛТУРА И УМЕТНОСТ

Го промовираме македонското културно наследство, ги поддржуваме уметниците и ја користиме уметноста како средство за личен развој и унапредување на менталната благосостојба.

ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

СТОП за говорот на омраза!

Стоп за старосната дискриминација!

ЗАСТАНИ! Светлото на семафорот е црвено!

Секој има право да го избере своето име!

….

ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Спроведуваме истражувачки активности за согледување на актуелните состојби за прашањата од интерес на Здружението и за разгледување на можностите за подобрување и унапредување.

ПСИХОЛОШКА И МОРАЛНА ПОДРШКА МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ

Да си помогнеме! Доста се гледаме како непријатели! Секој човек има своја мака, да си пружиме рака и да се подржиме! Материјалниот интерес и извитоперените вредности не оддалечија нас луѓето. Да си се вратиме на вистинската природа, да се вратиме на човечноста!

Делиме исти цели? Приклучи ни се!

нАШИОТ ТИМ

Здружението БУДЕЊЕ 2023 е основано од жени со различно образование, потекло, професионално искуство и поминати и тековни животни предизвици. Структурата на нашиот тим ја отсликува една од основните улоги на граѓанскиот сектор: промоција на еднаквост, различност и инклузија. 

д-р Весна Мицајкова

Основач и Претседател

vmicajkova@awakening2023.org.mk

Елена Христова

Основач

ehristova@awakening2023.org.mk.

Јасмина Петрушевска

Основач

jpetrusevska@awakening2023.org.mk

  Елена Маневска

Основач

emanevska@awakening2023.org.mk

ИМАТЕ ПРАШАЊЕ, ПРЕДЛОГ ИЛИ СУГЕСТИЈА?

Контактирајте не!
Ја очекуваме вашата порака!