Видови членство

Кон Здружението за унапредување на квалитетот на животот БУДЕЊЕ 2023 Скопје може да се приклучите преку избор на членство во три клубови:

ОСНОВЕН КЛУБ

Доколку се согласувате со целите на Здружението, сакате да се вклучите во активностите кои ги превземаме и да придонесете кон остварување на целите, приклучете се кон Основниот клуб. Ќе станете член на Собранието, ќе имате можност да присуствувате на редовните состаноци и да придонесете со Вашиот ангажман, идеи, сугестии…


кЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ

Клубот на претприемачи е наменет за новите и потенцијалните претприемачи. И со членството во Клубот на претприемачи станувате член на Собранието на Здружението, може да присуствувате на редовните состаноци и да придонесете со Вашиот ангажман, идеи и сугестии. Но, членството на Клубот на претприемачи има и посебни бенефиции.

КЛУБ НА ВОЛОНТЕРИ

Клубот на волонтери е за лицата кои сакаат да придонесат кон активностите на Здружението преку волонтерска работа. Волонтерската работа е одличен начин да се запознаете со работата на Здружението, да го дадете Вашиот придонес кон заедницата и да си обезбедите референци за Вашиот понатамошен кариерен развој. 

Ако се решивте да ни се приклучите, пополнете ја пристапницата.

ПРИСТАПНИЦА ЗА ЧЛЕНСТВО
Во Здружението БУДЕЊЕ 2023 Скопје

Со ова изјавувам дека пристапувам во членство на Здружението БУДЕЊЕ 2023 Скопје и се обврзувам да постапувам во согласност со целите и активностите дефинирани воСтатутот на Здружението.


За повеќе детали околу целите и работата на нашето Здружение, прочитајте го нашиот Статут